Мотивот да се формира БИОПЛАНТ беше да се понуди нешто ново во агробизнисот во Македонија – понуда на високопрофитабилни растенија, со чие одгледување може да се заработи повеќе од која било друга култура и истовремено да се понуди загарантиран откуп.

БИОПЛАНТ го има единствениот расадник за гоџи во Македонија, во кој се произведува сертифициран саден материјал, под контрола на стручни лица од Факултетот за земјоделство и храна – Скопје.

Освен саден материјал, БИОПЛАНТ го нуди она што на секој производител му е најважно – загарантиран откуп на целото производство на гоџи, и секако – навремена исплата. Кооперантите на БИОПЛАНТ бесплатно ја добиваат технологијата на производство, а за совети и бесплатни консултации на располагање е стручниот тим на БИОПЛАНТ.

БИОПЛАНТ е подружница на фирмата АНИМА ДООЕЛ Скопје (www.anima.com.mk), која е формирана 2001 година и која ги поседува серитфикатите за квалитет ISO9001:2015 и ISO 22000:2018 за безбедност на храна.

Vecto Trucking

Векто се на пазарот повеќе од 20 години и се експерти во областа на транспортот. Тие се фокусирани на регионален

Повеќе »

Transportation Code LLC

Transportation Code LLC е подружница на Максимум Маркетинг, со седиште во Сан Франциско. Специјализирана маркетинг/регрутерска агенција за транспортната индустрија, Transportation

Повеќе »

Stylus Case X

StylusCase X е заштитна маска за мобилен телефон со специјално дизајнирано пенкалце кое работи на сите Iphone и Samsung уреди

Повеќе »